Во Бангкок изложени фосили на диносауруси стари најмалку 130 милиони години
Во главниот град на Тајланд, Бангкок, денеска е отворена голема изложба на фосили на диносауруси, чии прилично сочувани скелети се откриени во 1976, 1982 и 1989 година.
Репликите на „страшните влекачи’’ предизвикаа огромен интерес меѓу Тајланѓаните и десетици илјади странски туристи. Атрактивноста на настанот ја поткренаа и локалните палаентолози, кои издадоа соопштение според кое Сијамското кралство во далечното минато на азискиот континент било централно место за живот и развој на праисториските форми на живот.
Ископувањата на неколку локации во северозападниот дел на Тајланд, кои сеуште се во тек, покажуваат дека ова подрачје навистина било погодно тло за развој на животот во праисторискиот период. Од пронајдените над 2.000 скелети на диносауруси до сега се направени 20 реплики, а за изложување пред јавноста се подготвуваат бројни пронајдени фосилни остатоци на риби, желки и крокодили што живееле пред 100 и повеќе милиони години.
Ново на Сител
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик
-
Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд