-->
-->
Во Бахмут и натаму се водат жестоки борби, двете страни тврдат дека имаат успех
-->
Во Бахмут и натаму се водат жестоки битки за контрола на центарот на градот, наведуваат и руските и украинските сили, а двете страни тврдат дека имаат успех во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на руската инвазија.
Украина тврди дека платениците на Вагнер, за кои вели дека ги предводат руските напади врз индустрискиот град, се обидуваат да упаднат во центарот на градот од повеќе правци.
-Во жестоките борби бранителите му предизвикуваат значителни загуби на непријателот, тврдат од украинската армија.
Руските сили досега успеаја да го окупираат источниот дел на градот, но не го опколија.
Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, призна дека неговите сили се соочуваат со решителен отпор и бараат начин да стигнат до центарот на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно