Во Австрија недостиг од вакцини против грип
Со цел да се растоварат болниците во текот на зимските месеци и да се ослободи капацитетот за ковид-пациенти, лекарите во Австрија советуваат вакцинација против грип оваа година. Но, проблемот е што вакцини веќе нема во делови од земјата. Во Клагенфурт, достапните вакцини „пламнале“ за само еден ден, а недостиг на вакцини има и во Сент Пелтен.
Здравствената служба во Клагенфурт имала на располагање 2.800 вакцини, кои биле потрошени за само еден ден. Властите се обиделе да го зголемат својот вообичаен контингент вакцини против грип по избувнувањето на пандемијата, но без успех. Градоначалничката Марија-Луиза Матијашич и градскиот секретар за здравство Франц Петрич апелираа до австриската влада итно да го зголеми контингентот на вакцини и да го распредели праведно. Клагенфурт критикуваше дека Виена е очигледно привилегирана во дистрибуцијата на вакцината.
Во Сент Пелтен властите се борат со сличен проблем, контингентот вакцини бил доволен само за еден ден на вакцинација.
Слична е состојбата и во другите провинции – постои огромна побарувачка и нема вакцини. Во Виена, за разлика од другите делови на Австрија, засега нема недостиг на вакцини, но затоа списокот на чекање за вакцинација е долг, а тековните термини се добиваат за средината на декември.
Градските власти на почетокот на есента им ветија бесплатни вакцинации на граѓаните и обезбедија околу 400.000 вакцини, двојно повеќе отколку што е потрошено во ланската сезона на грип во Виена.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко