Во Амстердам е пронајден слеп патник во просторот за авионско тркало, кој преживеал лет од 11 часа
Холандската полиција соопшти дека пронашла жив слеп патник во делот на авионот каде што се наоѓа тркалото, а кој слетал на аеродромот Схипхол во Амстердам патувајќи од Јужна Африка.
Летовите од Јоханесбург до Амстердам траат околу 11 часа, а се претпоставува дека товарниот авион имал едно застанување, во Најроби, Кенија.
Многу е невообичаено слепи патници на долгите летови да преживеат поради студот и слабиот кислород на големите височини.
Возраста и националноста на мажот се уште не се утврдени, велат од полицијата.
– Човекот е пронајден жив во предниот дел на авионот и е пренесен в болница во стабилна состојба. Многу неверојатно е што човекот е сè уште жив, изјави портпаролката на холандската кралска воена полиција, Џоана Хелмондс.
Според холандската телевизија НОС, мажот имал треска и додека пристигнала брзата помош, тој можел да одговори на основни прашања.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски
-
Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел
-
Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено со магла во некои котлини, во текот на денот сончево со мала облачност
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена