Балкан
19. November 2015 - 9:44

Во Албанија уапсени 30 припадници на нарко банда

Албанската полиција разби нарко-мрежа во Тирана при што уапси 30 луѓе додека петмина се во бегство.

Полицијата соопшти дека по 6-месечна истрага ги уапсила организаторите, координаторите и дистрибутери на тешки наркотици кои во изминатите две години продале дрога во вредност од 900 илјади евра.

Во акцијата запленети се килограм хероин, кокаин, пиштоли, муниција, автомобил и мобилни телефони. Во изминатите две години албанската полиција уништи 1,3 стабла канабис и повеќе од 100 тони марихуана.