Во Албанија потврдено присуство на новата ковид варијанта БА4
Албанскиот Институт за јавно здравје официјално потврди дека во земјата циркулира подваријантата на Омикрон БА4. – Го потврдивме присуството и на варијантата БА4, покрај БА5 која циркулира од јуни. Во лабораторија во Германија испративме 230 примероци. Од нив над 83 отсто беа БА5 и мал процент или околу 4 отсто БА4“. изјави Еугена Томини, директорка на Институтот.
Според неа се уште во земјата има висока позитивност кај новозаразени, а незаинтересираноста за вакцинација условува поотежната клиничка слика на заразените. – Продолжува висока позитивност на дневно ниво. Оваа позитивност се рефлектира и во зголемениот број на случаите на кои им е неопходен болнички третман. Незаинтересираноста за вакцинација ни дава поотежната клиничка слика на случаите, додаде Томини.
Таа предупреди дека коциркулацијата на двете подваријанти на Омикрон и сезонските вируси, на почетокот на есента, се очекува да ја комплицираат состојбата во земјата. Официјалната статистика објавена попладнево потврдува дека од тестираните 1.285 позитивен резултат е добиен кај 375 или 30 отсто од тестираните. Но, бројката е многу повисока бидејќи дел се тестираат дома и се лекуваат во домашни услови, а други и не го прават тоа поради поблагите симптоми.
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата