Во Албанија од утре зголемено времетраењето на полицискиот час
Албанија ги заостри антиковид мерките, по незапирливиот тренд на новозаразени и починати од опасниот вирус, посебно овој месец, во просек по 1.050 дневно.
Врз основа на одлуката на Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, од утре полицискиот час ќе почнува 20:00 часот наместо 22:00 како што тоа беше од 11 ноември лани кога по вторпат беше воведена оваа мерка во земјата.
-Од 11 февруари (четврток) полицискиот час ќе почнува во 20:00 часот и ќе трае до 6:00 часот наутро, кога е забрането движење на граѓаните и активноста на бизнисите. Дозволено е движење, како и до сега, на службите за итни интервенции, службите за испорака и медиумите. Оваа мерка ќе трае до 25 февруари, кога повторно ќе биде направена анализа на епидемиолошката состојба, изјави Огерта Манастирлиу, министерка за здравство, по седницата на комитетот.
Додаде дека поради се поголемиот број заразени млади од 15 до 24 годишна возраст од утре па се до 26 месецов наставата во средните училишта ќе се изведува онлајн во десет општини, меѓу нив и Тирана,
Фиер, Валона, Драч, Ѓирокастро, кои се сметаат за најпогодени.
-Сезоната на полагање на испити на универзитетите ќе биде продолжена за да се обезбеди комбинација на онлајн и класни испити за предмети кои бараат присуство, со строго спроведување на антиковид протоколите, рече таа.
Овие мерки, според министерката биле неопходни поради рапидниот раст на новозаразени и сомненијата дека во земјата циркулира британската и африканската мутација на вирусот.
Таа кажа дека во земјата ги немаат потребните услови за испитување, па примероци се испратени во референтна лабораторија во Берлин, од каде се очекуваат резултати.
Ново на Сител
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков