Во Албанија од 306 направени тестови регистрирани 17 новозаразени лица со Ковид-19
Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 17 нови случаи на Ковид-19 од 306 направени тестови. Од новозаразените по осум се во Драч и Тирана, а само еден случај е во Круја.
Досега во земјата направени се 12.294 тестови, а позитивен резултат е добиен кај 933 лица.Од вкупно заразените 77 отсто се излекувани. Во моментот активни на болеста се 188 лица, но само 19 се лекуваат во болница, од кои четворица се на интензивна терапија, а починале 31 лице.
Од албанското Министерство за здравство и социјална заштита апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорно да се однесуваат со одржување физичка дистанца и лична хигиена, да избегнуваат посети кај роднини и пријатели од каков било вид, додека бизнисите да ги спроведуваат стриктните протоколи.
Албанските здравствени власти по неколкудевните повисоки бројки на новозаразени од претходно вчера предупредија на можноста да ги вратат строгите мерки на изолација, доколку продолжи да расте бројот на ново заразени со Ковид-19 и непочитувањето на препораките.
– Ако работите продолжат да се влошуваат како во последните денови, ќе бидеме приморани да преземеме чекори наназад. Препораките се донесени за да се почитуваат, а не да се игнорираат. Ние не преговараме за здравјето на граѓаните со ништо и со никого, изјави албанската министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.
Таа додаде дека како здравствени институции тие го поддржуваат олеснувањето на мерките, но само под услов граѓаните да ги почитуваат правилата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација