Во Албанија објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани
По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, локалните медиумите информираа за „нов скандал, кој е спротивен на Законот за заштита на личните податоци“.
Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост.
Се работи за објава на список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во прватниот сектор.
На списокот со кој располага агенцијата Балкан веб се наоѓаат и платите на претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Шефот на државата има месечна плата од 257.000 леки (2.106 евра), додека премиерот Рама 228.730 леки (1.874 евра).
Многу повисоки плати од нив имаат петмина вработени во Албанската тајна служба, ШИШ, чии плати се движат од 3.278 до 7.377 евра.
Албанскиот претседател Илир Мета скандалот го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир.
Мета на Фејсбук пишува дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот и оти се работи за „последователен плод на незаконитост“.
-Од медиумите дознав за јавно објавениот список со чувствителни лични податоци на 637.138 вработени граѓани, со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, случај на повторена незаконитост. Личните податоци на секој граѓанин, кои се чуваат во јавни институции и се администрираат во државните бази на податоци, се лични, заштитени со закон и се наменети да се користат само за доброто на граѓаните и државата, наведува Мета.
Тој додаде дека секоја поинаква употреба на истите е кривично дело со кое „се загрозува општествениот мир со нарушување на приватната безбедност на секој граѓанин“ и побара итна истрага.
-Ги повикувам органите на прогонот и обвинителството веднаш да започнат, да поведат проверки и истраги, да ја утврдат оваа повторена активност на незаконитост, преземајќи без одлагање неопходните мерки за гарантирање на заштитата на личните податоци и изведување пред лицето на правдата на авторите, бара Мета.
Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Еди Рама да ја преземе одговорноста, како главен виновник и да поднесе оставка поради предметниот скандал.
Преку објава на Фејсбук реагираше и поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој откако искажува осуда за „овој последователен голем супер скандал“ додава дека тој „уште еднаш го докажува црното лице на наркодржавата и главата на медузата, Едвин Рама“.
Ново на Сител
-
Тошковски ги посетил полициските службеници кои биле дежурни за време на новогодишната ноќ
-
Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
-
Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген
-
ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици
-
Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
-
Украина го прекина транспортот на руски гас