Во Албанија граѓаните ќе добијат „ковид пасош“ по примената прва доза на анти-ковид вакцината
Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство.
-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување“ во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.
Додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.
Порад зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.
Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.
Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.
Ново на Сител
-
Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога, запленети над половина тон во две полициски акции на југот
-
Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти
-
На Граничниот премин „Табановце“ бил приведен државјанин на Франција за непријавен престој во државата
-
Поставена заштитна ограда на детското игралиште во Усје
-
Во Бугарија пред изборите формиран меѓусекторски штаб за борба против купување на гласови
-
Милевски: Министерството за локална самоуправа преку проектите се грижи за животната средина
-
Лекарска комора: КОВИД-19 може да предизвика сериозни крварења во гастроинтестиналниот систем
-
Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клинички, опструкциите да престанат