Loading Video...
Фудбал
25. November 2020 - 19:51

Во 60-тата година од животот почина фудбалската легенда Марадона

Спортскиот блок го започнуваме со веста за смрта на легендарниот аргендински фудбалер Диего Армандо Марадона кој почина денеска од срцев удар во својот дом во Тигре. Светот ќе го памети по светската титули со Аргентина, фудбалските бравури но и божјата рака. 
Пред речиси две недели на Марадона му беше направена операција на хематом на во главата откако беше примен во болница поради губење на енергија од како што беше утврдено крварење во мозокот. 
По операцијата беше на домашно лекување откако лекарите констатирале дека е во добра општа состојба. 
Сепак бурниот живот на популарниот ЕЛ Пибе оставил последици и Марадона почина од срцев удар. 
Славниот Аргентинец е роден во 1960-тата година во Буено Ајрес.  Настапуваше за екипата на Бока Јуниорс од каде минува во Наполи а подоцна игра уште за Барселона и Севиља. 
СО Аргентинската репрезентација ја освои титулата светски првак во Мексико 1986-тата година и е еден од најдобрите и најславните фудбалери во историјата на фудбалот. 
На Мундијалот во Мексико на средбата со Англија постигна два гола познати како божја рака и голот на векот. 
Подоцна се обиде во тренерските води а беше и селектор на Аргентина.