Внукот на Тито на просјачки стап: "Живеам како куче"
Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, во интервјуто за српски „Њузвик“ зборувал за тешката финансиска ситуација во којашто се наоаѓа.
Имено, внукот на Јосип Броз Тито открил дека никогаш во животот не бил во потешка животна ситуација, бидејќи до приходите ја има само својата пензија од 18.000 динари.
- Живеам како што морам. Во станот не вклучувам греење, се возам со автобус, луѓето ме частат, ме покануваат на ручек, а мене не ми требаат дневно пет оброка, доволен ми е само еден. Но, на кого воопшто го интересира што сега живеам како куче – рекол Јошка Броз за „Њузвик“, пренесува српски „Б92“.
Јошка истакнал дека живее од 18.000 динари пензија од кои на ќерката од 10 години и плаќа алиментација од 2.800 динари за часови по француски јазик, бидејќи неговата поранешна жена, како што вели „сè продала“.
Имено, Јосип Јошка Броз ја води Комунистичката партија со која има намера да излезе на изборите.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче