Внуката на Морган Фриман избодена до смрт
Њујоршката полиција го истражува убиството на внуката на Морган Фриман, која беше избодена на улица во Менхатн.
Полицијата вчера ја пронајде 33-годишната Едина Хајнс како лежи на улица со повеќе рани нанесени од нож на градите. Прогласена е за мртва во болница во Харлем.
Ламар Девенпорт, на возраст од 30 години, за кого полицијата тврди дека бил во врска со жртвата, веднаш е приведен од самото место на злосторот, пред станот на Хајн. Очевидец тврди дека
Холивудскиот актер Морган Фримен издаде соопштение во кое наведува дека „светот никогаш нема да дознае колку била талентирана и колку многу имала да понуди“.
Хајнс студирала глума и се занимавала со образование на младите.
Едена е всушност внука на првата сопруга на славниот оскаровец, за која тој цел живот се грижел. Таа со својот дедо глумеше и во филмот „5 Flights Up“, минатата година, каде имаше улога на рецепционерка.
Ново на Сител
-
Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победнички листи за парламентарните избори
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место