Македонија
20. јуни 2016 - 20:29

Внимавајте - Температурaта утре ќе се искачи до 39 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 28 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 38 степени. 

Во наредните денови времето ќе биде претежно сончево и повторно многу топло. Температурите од среда ќе бидат пониски за 2 до 3 степени.