Живот
13. November 2018 - 15:06

Внатрешна топлотна изолација или фасада? Еве што велат експертите...

Многу често се полемизира за тоа дали е подобро да се постави внатрешна топлотна изолација или стирипор - фасада.

Но експертите немаат дилема, изолација од внатрешната страна експертите ја советуваат само за станбени згради или доколку станува збор за изолација на плафонот, за се друго стиропор - фасада.

Еве ги и причините:

1. Прва најважна прилчина е тоа што може да се јави кондензација во станениот објект доколку се изолираат сите ѕидови во внатрешната страна, а тоа е навистина сериозен проблем.

2. Губење на простор.

3. Доколку објектот е веќе завршен, во случај на поставување внатрешна изолација, повторно ќе треба да ги поместуваме сите штекери и тастери.

4. Греење со ѕид кој акумулира топплотна енергија би било оневозможено во случај на внатрешна изолација. Енергијата која се акумулира во ѕидот и тоа како е важна кога станува збор за греењето во станбениот простор.