Македонија
21. May 2022 - 16:36

ВМРО на протест, Радев бара аргументи за да го свика Советот за безбедност за Македонија

Петков на една, Генчовска на друга страна. Причина за поделбите во бугарската Влада, повторно македонското прашање . Вчера премиерот Петков го повика претседателот Радев да свика национален совет на кој ке се расправа за оваа тема, а веке денеска министерката Генчовска со спротивен став - потреба од состанок нема бидејки нема ниту  напредок во преговорите. 

И потпретседателката Јотова  со прашање  дали Петков има вистинска аргументи за свикување на овој состанок, за кој се прави проценка во кабинетот на  Радев .

За македонските аналитичари, повикот на Петков сите политички чинители да се соберат на иста маса за македонскиот спор е последен очаен потег за да се издејствува општ национален консензус, што најверојатно ке заврши со неуспех.

Во мегувреме, националистите  на Каракачанов  со протести ја мобилизираат бугарската јаност против кревањето на ветото за Македонија

Ваквите провокации се сосема очекувани  во овој момент од партијата ВМРО БНД, велат експерите.

Учесниците на денешниот протест во Кресна најавија серија вакви настани низ цела Бугарија  со цел, како што велат, да го спречат евентуалното предавство на бугатрските  интереси.