ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми
СДСМ се обидува на секој можен начин да ја манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија. Патем мнозинството немаше воопшто слух да прифати конструктивни амандмани на буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи со кои се предвидуваше подобрување на инфраструктурата, економијата, стандардот на граѓаните, стипендиите за студентите, студентски град, унапредување на животот во руралните средини, повраток на 15% од платениот ДДВ и слични. На сметка на тоа колку да замачкаат очи на јавноста прифатија 7 амандмани кои речиси и да не чинат многу, а со кои се обезбедуваат прочистувачи на воздух во предавалните на државните универзитети, основните и средните училишта и градинките кои оваа неодговорна власт ги пропуштила во предлог буџетот.
Впрочем тие и денес се подеднакво неодговорни кон народот како што беа неодговорни и кога беа опозиција кога со филибастеринг, бескрајни дебати и опструкции го попречуваа донесувањето на буџетите со цел економијата да ја фрлат на колена, да оневозможат донесување на буџет и со тоа доведување во прашање на нормалните економски текови во Македонија.
Неодговорни беа, неодговорни останаа.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен