ВМРО - ДПМНЕ:Дали Спасовски поднесе кривична пријава против „Гисеке и Девриент“
ВМРО-ДПМНЕ го повикува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да и соопшти на домашната и на меѓународната јавност дали поднесе кривична пријава против германската компанија „Гисеке и Девриент“ и за кое дело се товари.
Во денешното соопштение од ВМРО - ДПМНЕ се потсетува дека изминаа пет дена откако Спасовски и обзнани на јавноста дека открил голем меѓународен криминал во кој е инволвирана германската компанија „Гисеке и Девриент“ со печатење на македонски возачки дозволи со двојни сериски броеви.
- Со оглед дека станува збор за светски реномирана компанија, домашната и меѓународната јавност очекуваат технички назначениот министер да почне да го отплеткува клопчето во оваа можна криминална мрежа и да објасни кои се мотивите и по чија наредба германската компанија „Гисеке и Девриент“ се вклучила во транснационалниот криминал, стои во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Медиумите и јавноста, соопштува ВМРО - ДПМНЕ, се сомневаат во капацитетите и искреноста на Спасовски. Оливер Спасовски, смета ВМРО - ДПМНЕ, треба да ги отфрли сомнежите дека повторно лажел и манипулирал како неговиот лидер Зоран Заев. На граѓаните не им треба уште еден Зоран Заев, се наведува во соопштението.
- Има или нема криминал од страна на германската компанија и кои се мотивите на компанијата, се вели меѓу другото во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Јавноста, се посочува, очекува одговор дали Спасовски побарал помош преку Интерпол за спроведување на меѓународна истрага против германската компанија и расчистување на нивните мотиви за криминал со обрасците за македонските возачки дозволи.
- Доколку Спасовски опстојува на ставот дека открил криминал, ВМРО -ДПМНЕ сака да го предупреди да се откаже од намерите за формирање комисија која ќе ги уништи дупликат формулари. Тоа е уништување на доказен материјал без наредба од повисоките органи во случај кога нема ниту кривична пријава. Тоа е незаконски, предупредува партијата во денешното соопштение.
Оливер Спасовски, се подлвекува во соопштението, беше технички назначен за министер за внатрешни работи заради спроведување на изборите, а не за отварање на погон од Фабриката за афери на СДСМ во министерството.
- Приватно, Спасовски може да се слика и контактира со разни криминалци како Чауш и Сума, одговарајќи за своите постапки, но службено не смее да го урива угледот на МВР, се вели во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот