ВМРО-ДПМНЕ: Животот е се поскап, а стандардот тоне, Заев ја втурна државата во должничка спирала
Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто.
Од лани до сега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%.
Животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне.
Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо.
Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит.
Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе.
Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа