Бизнис
30. March 2018 - 19:46

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството е во катастрофална состојба

Земјоделците го почувствуваа ,,Животот’’ кој го донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи.  

Откупната цена за јагнето за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 180 денари.

Заев нема право да говори за овчарството, неговите празни ветувања се со цел да се покрие катастрофалната откупна цена на јагнето која како што и самите нагласија изнесува од 100 до 140 денари по килограм.

Земјоделството во државата е во катастрофална состојба, а сето тоа е благодарение на неспособноста на министерот Николовски и премиерот Заев, стои во реакцијата на опозицијата.