ВМРО-ДПМНЕ: Заради криминогеноста во РЕК Битола, ЕСМ за 23 дена од ноември купила струја за 23 милиони евра
Заради криминогеноста во РЕК Битола, ЕСМ за 23 дена од ноември купила струја за 23 милиони евра за потребите на домаќинствата.
Ништо од ветувањата на власта дека ќе работат сите три блока во РЕК Битола. На почеток на декември сме, а поголемиот дел од времето до сега работи само еден блок.
РЕК Битола не работи со полн капацитет од две причини поради немањето на доволно јаглен и поради техничките проблеми кои се резултат на некадарност на раководството.
Недоволното пеоизводство на РЕК Битола резултура со скап увоз, кој ЕСМ е должен да го направи за да ги покрие потребите на регулираниот пазар.
Доколку РЕК работеше со најмалку два блока, немаше да има потреба од увоз на струја во ноември, а доколку работеше со три блока, ќе можеше и да продаде струја на стопанството.
РЕК Битола од страна на власта се користи само како средство за делење на тендери на фирми блиски до СДС и делење високи плати на функционерите именувани од власта.
Резултатот од менаџирањето на СДС со РЕК Битола е под нулата. Народот ја плаќа неспособноста и криминогеноста на власта.
Ново на Сител
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети