ВМРО-ДПМНЕ: Заев заборави се што им кажуваше на родителите на децата убиени кај Смилковско, дали коалицијата со ДУИ е причина за тоа?
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја спроведуваат Тиранската платформа на сметка на правото и правната држава. Од таму велат дека убијците во случајот „Монструм“ се на слобода, а неистомисленици на Зоран Заев неосновано се притвораат.
- Зоран Заев пред изборите тврдеше и ги манипулираше семејствата на убиените дека ја знае вистината за бруталната егзекуција кај Смилковско езеро. Заев, повеќе години водеше морбидна кампања и го искористи свирепото убиство за собирање на политички поени. Сега откако е на власт, Заев тврди дека нема докази за ѕверската ликвидација кај Смилковско езеро и дека, ако ги имал истите и ќе ги објавел. Заев лаже и манипулира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека додека беше опозиција Зоран Заев алудираше на поврзаноста на ДУИ со убијците.
- Според исказот на семејствата, тој им покажувал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, а тврдел и дека пет од броевите кои се заведени како државна тајна се на функционери од ДУИ. Наеднаш Заев заборави на се што им кажуваше на родителите. Дали коалицијата со ДУИ е причина за неговата амнезија?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и криминалниот картел кој го води си поиграа со целата држава и граѓаните.
- Зоран Заев ги окупираше институциите и ја зароби државата. Правото не се применува, а наместо доказите и аргументите политиката е во преден план. Институциите не работат. Чесни граѓани се влечат по притвори и судови, а веќе осудени убијци се пуштаат на слобода. Државата ништо не презема за правосилно осудените убијци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ да бидат екстрадирани во државата, но затоа малтретира лекари, режисери, актери и докажани општествени дејци. Ова незаконие мора да запре. Злоупотребата на институциите и девалвирањето на правото мора да запре. Граѓаните заслужуваат правна држава и стабилни институции. Граѓаните заслужуваат подобро, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови