ВМРО – ДПМНЕ: Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство
Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е спротивен и на Уставот и на меѓународните норми.
Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е оценет како катастрофален и неразумен од сите релевантни правни експерти.
Единствена вредност на овој предлог е тоа што на Зоран Заев треба да му овозможи амнестија за сите сторени криминали.
Зоран Заев е сигурен дека со ваквиот нереформски предлог закон ќе продолжи да ги контролира слугите во Јавно Обвинителство кои слепо ги извршуваа неговите наредби овие три години.
Зоран Заев не сака независно и професионално обвинителство кое неселективно ќе се бори со криминалот. Зоран Заев сака марионети кои ќе го амнестираат него и неговите соработници, а политички ќе го гонат секој што ќе му застане на пат. Затоа повеќе од една година се молчи за запленетите снимки од прислушуваните разговори на јавните обвинители, а нема истрага ниту за криминално поделените бонуси тешки милиони евра.
Зоран Заев ги одби деветте забелешки на законот јавно изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и експертите, а го одби и предлогот новиот закон да го напишат најдобрите познавачи на проблематиката.
Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби.
Стравот на Заев од одговорност за криминалот е главната причина поради која што се обидува со поткуп и закани да обезбеди поддршка за неуставниот закон.
Граѓаните на 12-ти април ќе стават крај на ваквото криминогено владеење. На 12-ти април ќе заврши хибридниот режим на Заев и ќе следи одговорност за сите понижувања и поигрувања со државата и правдата. Зоран Заев никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд