ВМРО-ДПМНЕ: Заев од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност
Заев наместо премиер, се однесува како шанер, од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност. Ако неговиот предлог е бегство од одговорност, тогаш треба да знае дека пактови со криминалци ВМРО-ДПМНЕ не прави и нема да има, ќе лежите во затвор.
Сето ова доаѓа откако беше присилен од јавноста и меѓународни фактори да го затвори, Заев сега го зема местото на Сашо Мијалков, со намера да управува како со марионети со оние како Тодоров кои во наводна смена во ВМРО-ДПМНЕ гледаат да одработат за Заев, само и само за лична корист.
Провидна е играта на Зоран Заев. Му се потрошија Мериот коалициите, различните доктори за смрт како што сами ги нарекуваа, а сега пробува директно да се меша и во ВМРО-ДПМНЕ. Оркестрираното делување со некои поранешни министри кои не се повеќе дел од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Заев стои зад различните иницијативи, мериотовски коалиции, се со цел да го покри неговиот страв.
Од вештачката радост за наводно мнозинство во Собранието на Македонија до молење за широка влада, зошто Зоран Заев знае дека владата ќе му падне.
Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз. Заев нуди широка влада, а Али Ахмети одбива, а во суштина договорени.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“