Македонија
10. March 2021 - 9:24

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, бара техничка влада затоа што е слаб

Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб.

Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата.

Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад.

Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата.

Заев знае дека тоне. Тој ја донесе Македонија до скоро 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6200 затворени фирми. Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине.

Со криминалци ВМРО – ДПМНЕ нема да прави.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ