ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ
Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што со тие проекти доцни, надевајќи се дека граѓаните ќе заборават дека тоа се проекти на претходната влада.
Зоран Заев и криминалниот картел во недостаток на идеи и проекти се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставуваат како свои. Власта го одложува реализирањето на проектите цела година, за да ги претстави како свои.
Експресниот пат Градско - Прилеп е проект кој е целосно почнат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за истиот се обезбедени преку ИПА проект со помош на ЕУ, целата постапка, вклучително и распишување на јавен повик за избор на изведувач е изведен од влаадата на ВМРО-ДПМНЕ.
Картелот чекаше цела година од распишување на јавниот повик до изборот на понудувач, само за да може да го претстави проектот како свој.
Ова е еден од стотиците проекти, на ВМРО-ДПМНЕ, кој картелот ги присвојува како свои. Ни трага ни глас од ветените 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Неосновано се закочија и запреа со изградба по повеќе месеци автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, додека автопатот Демир Капија - Смоквица чекаше цела година да биде пуштен во употреба.
Картелот не знае да ја води државата. Република Македонија под власт на СДСМ од ден во ден се повеќе се уназадува. Во интерес на државата и граѓаните е оваа ненародна власт што побргу да си замине. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови