ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците - пропаѓаат 20.000 тони сливи
СДСМ ги излажа земјоделците. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт откупот на земјоделските производи ќе биде загарантиран, а откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи. Сега нема само што не се тепаат кој повеќе да откупи, туку целото земјоделско производство скапува по нивите, а земјоделците не знаат како ќе преживеат.
20.000 тони слива скапува по нивите, а власта не презема ништо. Илјадници семејства чиј единствен извор на приходи е производството на слива не знаат како ќе ја преживеат годината.
Неодговорно и недозволиво е илјадници семејства да патат и да бидат жртва на неспособноста на Николовски и Заев. Над 20.000 тони слива ќе пропадне, затоа што власта навремено не интервенирала. Илјадници семејства едвај ќе ја преживеат годината.
Власта наместо да пушта бледи соопштенија треба да ја гарантира цената на сливата и истата не смее да биде под 12 денари за килограм, само така производството ќе биде рентабилно.
Доколку ништо не се преземе во најкраток можен рок илјадници земјоделци ниту ќе можат да ги покријат трошоците за производство, ниту ќе имаат пари за годината која следи, ниту за да го продолжат производството, ниту за да преживеат.
СДСМ е временска непогода за земјоделието. Земјоделците нема каде да го продадат својот род, немаше откуп за доматите, бостанот, праските, пченицата, а сега и за сливата. Земјоделците се понижени и доведени на раб на егзистенција. Ова мора да запре. Земјоделецот не смее да биде понижуван, земјоделецот заслужува достоинствен однос. СДСМ мора да си замине.
Ново на Сител
-
Струмичанец починал по задушување од пожар предизвикан од греалка
-
Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица
-
Тошковски: Во 2025-та сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
-
Герасимовски: Во Центар почнавме нова приказна, нека ни е среќна и успешна новата 2025 година
-
Тошковски-Мисајловски: Да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава
-
Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот
-
Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
-
Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата одлучи да му префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје