ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Зоран Заев да го обелодени договорот што најави дека ќе го потпише со Бугарија. Од партијата сметаат дека премиерот го крие договорот со Бугарија затоа што тој прави штета на државата и граѓаните и сака се помалку да се збори за тој договор.
- Токму ваквото однесување и штетниот договор кој го преговара Заев отвори тендеција со која се задира во постоењето на македонската држава па слушнавме изјави како онаа на коалицискиот партнер на СДС дека илинденското востание било бугарско, навивачите од Бугарија кои напишаа дека Македонија е бугарска, па се до изјавите дека имаме заедничка историја која не е само македонска, дека македонски јазик не постои итн, изјавите на Божидар Димитров, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека спроведувањето на договорот кој Заев го договорил ќе значи крај на македонизмот, изјави кои Заев не ги осуди, ниту демантираше, што како премиер е должен да го прави, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека македонските граѓани од Заев не добиле одговор што договорил во Софија, но затоа го слушнале како „од Софија си ја обвинил сопствената држава дека ширела национализам и омраза, без да каже кога и кон кого Македонија ширела национализам и омраза“.
За партијата спорни се и неговите изјави дека одредени термини ќе бидат избришани од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што да биде бришено, директно отворајќи простор за историски инжинеринг врз македонската нација и држава.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на взаемно почитување и обостран напредок и развој, но оти „никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси“.
Ново на Сител
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски