ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара амнестија за себе и своите послушници
СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце.
Не ги почитуваа ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност.
Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда.
Со овој закон Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка.
Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата.
На сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон.
По 12 Април ќе следува одговорност за се.
Правда мора да има. Зоран Заев никогаш повеќе.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата