ВМРО-ДПМНЕ: За 7 години власта на СДСМ не го исполни ветувањето за чист воздух
Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвраќаат дека проблемот со загадениот воздух СДСМ не успеа да го реши за 7 години власт.
„Го разбираме очајот и паниката во која се наоѓа СДС, и тоа се гледа во секое нивно соопштение или јавен настап, ама дека СДС ќе пушти соопштение против градоначалниците на СДС не верувавме се до утрово кога всушност пуштија соопштение дека бил загаден воздухот.
Дали СДС гледа некаква физичка граница за воздухот помеѓу општини кои се СДС и ВМРО-ДПМНЕ и граници помеѓу каде оди загадениот и чистиот воздух ни е непознато, но ваква глупост одамна не била изнесена во јавност.
СДС е партија која е власт 7 години и со прст не мрдна. Тие не треба да ја градат својата среќа над несреќата на другите. Наместо политиканство нека ги остават тастатурите и нека поработат за народот конечно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер