Македонија
20. October 2021 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ во сабота ќе одлучува дали ќе го поддржи Максим Димитриевски

ВМРО-ДПМНЕ во сабота во Охрид на седници на Извршниот и Централниот комитет ќе одлучува за тоа дали и на кои кандидати што не се дел од опозициската коалиција, меѓу кои и Максим Димитриевски во Куманово, ќе дадат поддршка во вториот круг, објави лидерот Христијан Мицкоски.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека останува во колиција со Алијанса и Алтернатива за 31 октомври. Вели дека соработката со Села и Гаши е заснована на доверба и дека во нејзе гледа иднина. Сепак, Мицкоски се уште не добил потврда дека Алијанса и Алтернатива ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево против кандидатот на ДУИ.

Генералниот секретар на Алијанса - Таравари за порталот Тетова сот, ја потврдува соработката со ВМРО-ДПМНЕ, но не е прецизен дали тоа ќе се однесува и на Кичево.

 Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок, изјавил Таравари.

Неофицијално, партиското раководство за поддршката во Кичево ќе треба да добие дозвола од локалните органоци на Алијанса во овој град.

Од Левица, пак,  зсега официјално молк за тоа кого би поддржале во вториот круг .Утринава лидерот Апасиев на Фејсук напиша:

 „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша тој цитирајќи го Кастро.

За Мицкоски овој став на Апсиев е нејасен, но тој повторно упати повик Левица да се приклучи на блокот за Македонија на кој повика и вчера.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува во антивладиниот блок да се приклучат и владини партнери кои не се задоволни од работата на премиерот Заев.