ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија никогаш не се живеело полошо
На седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледуваше актуелната економска и политичка ситуација, поврзани со актуелните случувања во време на пандемијата при што се изнесоа неколку заклучоци од страна на раководството.
Економската ситуација во Република Македонија никогаш не била полоша. Економијата и стопанаството трпат на сметка на неспособноста на Владата предводена од СДСМ, при 60.000 граѓани останаа без работа за само неколку месеци, а од друга страна се вработуваат партиски војници на СДСМ и се згрижуваат по институции.
Владата на СДСМ е угушена од корупција и криминал, согласно последните случувања со аферите Мафија 1, Мафија 2, запленетата дрога која е поврзувана со СДСМ и Заеви, криминалните тендери на Рашковски, како и криминалот кој се случува во сред пандемија во министерството за здравство.
Владата на СДСМ и неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев и понатаму е главен проблем на државата, секојдневно одземајќи по десетици и десетици животи на граѓаните. Пандемијата единствено се користи за политички поени и за личен финансиски интерес на власта, како и на луѓе блиски до Филипче и Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора