Македонија
22. April 2022 - 14:17

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пак ќе моли за пченица од соседството

Несериозниот и задоцнет пристап на власта ќе ја остави Македонија без храна!

Со денешната пресконференција Сдсм уште еднаш покажа дека ниту имаат знаење, план и визија како да го зголемат домашното производство на храна. Она што денес го презентира Сдсм од партиските простории е чист популизам каде се презентираа задоцнети мерки.

Накратко да објаснам зошто се задоцнети и нефункционални, имено со распишувањето на овие над 5 000 хектари за производство на стратешки култури тотално е промашена оваа производна година што значи власта ќе мора да коленичи и моли во соседството за количини пченка, пченица и брашно . Зошто ?

Затоа што додека завршат сите процедури и да се потпишат договорите ќе бидат пробиени сите рокови за сеидба на пченка , сончоглед и останатите култури тоа во превод значи од овој оглас жетва ќе има дури идната година.

Ако навистина сакаа да интервенираат со навремени и правилни мерки требаше да не послушаат и уште во јануари да го распишат слободното државно земјиште на оглас за да се фати сеидбениот план навреме.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ