ВМРО-ДПМНЕ: Владата во мафијашки стил им се заканува на просветните работници
Владата на СДСМ се однесува во мафијашки стил кон просветните работници. Врши бесрамни притисоци и закани во стилот земи или остави и во исто време им се заканува.
Тоа е матрицата на оваа власт предводена од СДСМ.
Штрајкот на наставниците е оправдан, а нивните барања се легитимни и се засноваат на колективен договор.
Тоа што Владата се однесува игнорантски кон нив е резултат на одлепеноста на елитата на власт од реалноста. Тие нудат покачување на плати кои не се доволни ниту за два дена пазарење на основни намирници во маркетите. Инфлацијата го изеде стандардот. Само во месец март таа изнесува 8,8%, цената на маслото за јадење е зголемена за 100%, лебот е поскапен за 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% итн. Но милионерите од власта тоа не го чувствуваат и затоа така се однесуваат.
Власта нема пари за просветните работници кои земаат нешто над минималната плата, а во исто време трошат милиони за цвеќиња, жардинери, фстаци, службени возила и хотелски услуги. Ете затоа народот е гневен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот