ВМРО-ДПМНЕ: Владата набавува морски плодови, риба и октоподи, а крати на инфраструктура
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ крати средства за образование, за здравство, за култура, за инфраструктура, а од друга страна преку СОЗР, Владата набавува морски плодови, октоподи, свежа риба.
- Завчера од страната на Бирото за јавни набавки беа објавени резултатите од три јавни набавки, и тоа за морски плодови, замрзната и свежа риба и октоподи, а набавува Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Хедонизмот на новата Влада излезе на виделина, очигледно дека Зоран Заев, Радмила Шекеринска и СДС не планираат да се откажат од своите џет-сет навики и луксузен стил на живот, за кое на крај сметката ќе ја платат граѓаните на Република Македонија, рече Ѓорѓи Крстевски.
Наместо најавените повисоки плати и просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, плата за докторите од 100.000 денари и подобар живот за сите граѓани, Владата, според Крстевски, си обезбеди подобар живот за себе и тоа со егзотично мени.
- Иако најавија кратења за непродуктивни трошења и луксузирања како што СДС милува да ги нарече, скратија во делот на капиталните и инфраструктурни проекти, за изградба на градинки, на нови училишта, спортски сали секаде каде што не треба скратија, но не скратија од нивното богато мени, рече Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, според него, од Заев и СДС очекуваат, што побрзо да ги засукаат ракавите и да ги довршат започнатите автопати, регионални и експресни патишта и да овозможат подобар стандард на граѓаните со мерките кои ги ветуваа во предизборието.
- За жал гледаме дека повторно во стилот на СДС од сето тоа ќе останат само празни ветувања и лаги, рече Крстевски.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови