ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев не имплементирала над 80% од препораките на ГРЕКО
19 од вкупно 23 препораки кои ГРЕКО ги нотирала во извештајот од 2019 година, а требале да се имплементираат во 2020 година не се имплементирани или се недоволно и незадоволително направени.
Владата на Заев не овозможила непречено работење на ДКСК, со тоа што на Комисијата не е овозможила целосна функционалност.
Еден од најголемите проблеми е двојната улога на Љупчо Николовски, кој треба да биде и антикорупционер, а во исто време е и високопозициониран функционер и политичар. Николовски и практичен судир на интереси. Неговата функција повеќе кумулира моќ, отколку што служи за борба против корупцијата и криминалот.
Според Греко имплементацијата на Кодексот на однесување е во рацете на заменик-премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, тоа не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО.
Видовме како луѓе блиски до Николовски шверцале тутун, ја оштетиле државата и народот. Видовме и како тој си ги вработува роднините во администрација и како е главен теренаш на СДСМ, а глуми антикорупционер.
Извештајот на ГРЕКО е само уште една потврда дека Владата не оди во добар правец, и дека државата со Заев тоне.
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци