ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски ќе остане запаметена по крах на здравствениот систем
Владата предводена од Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе остане запаметена по крах на здравствениот систем.
Здравствениот систем за прв пат во независна Македонија колабираше. Со ова за прв пат граѓаните останаа без лекови, не се исплаќаа средства за породилно, а здравствениот кадар остана без плата.
И додека има незпаметен одлив на медицински кадар од земјава и нема кој да ги лечи граѓаните, Ковачевски и низата на функционери во јавните здравствени установи не мрднаа со прст навреме да се исплатат платите, односно да се запази законскиот рок.
Од погрешните политики Ковачевски и неговиот тим, кој се грижат за само за лични и партиски интереси, граѓаните страдаат секојдневно или не можат да добијат основна здравствена услуга за која плаќаат цел живот.
Последиците од криминалните политики на лицата во власта предводена од СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат секојдневно.
Ковачевски и неговата екипа мора да заминат час поскоро!
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот