Македонија
18. November 2019 - 9:21

ВМРО-ДПМНЕ: Три години гледаме само неуспеси и порази

Со СДСМ и Зоран Заев Македонија доживува само порази, а граѓаните се разочарани и чекаат ден да си заминат од државата.

Апатијата кај луѓето е резултат на лошите политики во изминативе 2-3 години спроведувани од Зоран Заев.

Зоран Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени млади. Три години е на власт, еден човек нема вратено во државата, а дополнително нови се иселуваат. Над 75% од младите кои живеат во Република Македонија се несреќни што живеат овде, а половина од нив преземаат конкретни чекори да ја напуштат државата.

СДСМ вети подобро образование, а најдобриот универзитет во државата, Св. Кирил и Методиј е на 1816 место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Универзитети од Африка се пред нас.

Заев вети нови работни места и 500 евра плата, 300 пилоти и што ли уште не. Ги понижи младите и нивната интелигенција.

СДСМ вети живот за сите, а гледаме три години само како се вработуваат децата на функционерите.

Три години гледаме само неуспеси. Три години гледаме само порази. Лошите политики мора да завршат. Апатијата мора да исчезне.

На 12 април народот одлучува помеѓу Зоран Заев и Македонија. Народот ќе ја избере Македонија.