ВМРО-ДПМНЕ: Таргетот на СЈО е само една политичка партија
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша од каде неколку правни експерти знаат дали обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се издржани или не и дали треба да се одредуваат притвори.
- Во недостиг на докази во обвиненијата, очекувано е на копче да се активираат луѓе како Маргарита Цаца Николовска, Ѕвонко Давидовиќ или Јован Трпеновски. Мора некој да излезе со паушални изјави за да креира атмосфера во која судот би требало да ги прифати барањата или обвиненијата на СЈО кои се срам за секој правник, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според овие експерти, како што кажа Стојановски, обвиненијата биле издржани.
- Некој ако ги праша и Николовска, Давидовиќ и Трпеновски дали ги виделе и проучиле предметите, одговорот е не. Од едноставна причина, истрагата што се водеше е тајна. Од каде тогаш овие експерти знаат дали обвиненијата се издржани или не? Дали треба да се прифатат или не? Дали треба да се одредуваат притвори или не? Не знаат, но исто како и Катица Јанева, мора да глумат дека ги знаат предметите за да може медиумите под контрола на СДС да вршат притисок врз судот, смета Стојановски.
Тврди дека, како што кажа, не би имало потреба за вакви акробации доколку СЈО постапуваше правно, врз основа на докази, а не политички.
- Таргетот на СЈО е само една политичка партија, таргетот се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што остана со народот, единствен бедем за одбрана на државата, повтори Стојановски.
СЈО, додаде, во изминатиов период со сите дејствија само потврди дека е политичко обвинителство, под контрола на СДС.
Ново на Сител
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари