ВМРО-ДПМНЕ: Среде зима во февруари локалната власт, но и „Македонија пат“ ги изненади снегот
Целосната неспособност на оваа власт се виде изминативе 24 часа, затрупани автопати, булевари и улици со снег.
Да не беше трагично ќе беше смешно, среде зима во февруари месец локалната власт, но јавното претпријатие „Македонија пат“ ги изненади снегот.
Парализирани беа магистралните, регионалните патишта, а најмногу споредните улици низ градовите. Немаше ниту кој да ги исчисти пешачките патеки и тротоарите.
Сообраќајни несреќи заради нерасчистените улици и булевари беа сведок за незаинтересираност на најнеработливите градоначалници, како во Скопје така и низ цела Македонија. Вчера сведочеа илјадници слики по социјалните мрежи за заглавени возила низ цела Македонија.
Пред само два дена јавноста го слушна министерот Бочварски како се фалеше дека спремни ќе ги дочекаат овие лоши временски услови. Само фалби и глумење пред јавноста, а работа нула.
Скопскиот татко Шилегов фрли над милион евра за ниту еден булевар низ главниот град да не биде исчистен, да не зборуваме за споредните улици, каде што скопјани беа приморани сами да си го чистат снегот за да стасаат до својот дом.
Овој хибриден режим не знае за работа во служба на граѓаните, тие знаат само за наместени тендери, криминал и корупција.
Овие криминални и најнеспособни градоначалници граѓаните ќе ги казнат на следните локални избори, а оваа изгубена власт во своите лаги ќе биде испратена во заборав на минатото на наредните предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ