ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ да се фали дека води грижа за граѓаните, поради нив над 55.000 граѓани останаа без парче леб
Без никаков срам СДСМ се фали дека со пакетите на антикризните мерки за помош од ковид кризата дале некакви резултати кога поради нивната неспособност над 55.000 граѓани останаа без своите работни места и 6.200 фирми ставија клуч на своите бизниси.
Ако СДСМ толку водеа грижа за граѓаните немаше да го кочат донесувањето на четвртиот пакет на економски мерки.
Исто така во оваа ковид криза не се ниту способни да набават вакцини за да го спасат населениeто. Се што доби Македонија во однос на вакцини е резултат од донации.
Таа нивна неспобност ја плаќаат 4.000 граѓани кои до сега починаа од КОВИД-19 затоа што власта во државата не беше способна да им обезбеди здравствена заштита.
За оваа нивна неспособност ќе следи одговорност.
Колку побргу оваа криминална власт си замине, толку ќе биде подобро за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат