ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на советот на јавни набавки владата на СДСМ отвора врата за корупција и криминални тендери
Со укинувањето на советот на јавни набавки владата на СДСМ отвора врата за корупција и криминални тендери.
Целта е да се елиминира секој ограничувачки фактор со кој би можел да гарантира законитост на јавните набавки.
Укинувањето на советот на јавни набавки ќе значи бришење на значаен контролен механизам. Очигледно е дека на Владата и сметаат законитите тендери.
Функцијата на советот е да одлучува по однос на најспецифичните случаи на јавни набавки како најсигурен заштитен механизам од малверзации и тоа да дава согласност за техничките спецификации, во случаи кога на пазарот нема најмалку 5 производители или понудувачи кои може да ги задоволат условите, согласност за групирање на повеќе ставки во еден дел – и тоа во случаи само кај набавката на лекови, потрошни медицински материјали и медицински помагала итн.
Со оглед на тоа што во минатиот период од 6 месеци видовме како фирмите на вицепремиерот Анѓушев добиваат милионски специфични тендери од државата, како Заеви преку ноќ се стекнуваат со фабрики по багателни цени, целта на укинувањето на советот на јавни набавки е токму да се олесни патот кон криминални тендери за хунтата на власт.
Советот за јавни набавки кој гарантира законитост на постапката за јавни набавки што е и барање на Европската Унија, СДСМ сака да го укине за да може да прави криминал.
Фирмите на луѓето од власта да се богатат додека даноците за сите останати се зголемуваат.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи