ВМРО-ДПМНЕ- Скопје неколку дена е меѓу 10 најзагадени градови во светот, Шилегов ништо не презема
Скопје веќе неколку дена по ред се наоѓа помеѓу 10 најзагадени градови во светот, а Шилегов не презема ништо за да ја подобри ситуацијата.
Во текот на вчерашниот ден на неколку локации во Скопје измерени се енормни стапки на загаденост за овој период од годината. Мерната станица кај Ректорат измерила ниво на канцерогени ПМ 10 честички во висина од 169 µg/m3, што е три пати повеќе од дозволеното, додека мерната станица во Центар покажала ниво на загаденост од 100 µg/m3, односно два пати повеќе од дозволеното.
Ветуваа живот, а донесоа смог, загаден воздух и зголемен број на канцерогени честички во воздухот. Најголемото предизборно ветување на Шилегов дека ќе обезбеди почист воздух не го реализира, ниту презема било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив централната влада, од чии партиски редови доаѓа и Шилегов крати од Буџетот за животна средина.
Почитувани,
Ниво на загаденост од два до три пати над дозволеното во период пред отпочнување на грејната сезона е алармантно и недозволиво. Шилегов е директен виновник за ваквата ситуација. Иако повеќе од една година е градоначалник нема преземено ниту една мерка за превенција и подобрување на квалитетот на воздухот.
Шилегов од опозиција ветуваше итни мерки за справување со загаденоста на воздухот, за сега да приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа, додека Скопје се гуши.
Господине Шилегов, граѓаните не ве гласаа да кажувате колку не работите и од тоа да правите хумор, бидејќи на граѓаните не им е до смеа кога со респираторни болести ги полнат болниците. Скопјани очекуваат работа, а не хумор од човекот кој според функција е градски татко. Ако не сте способни да се справите со реалните проблеми на граѓаните поднесете си оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE, говорник Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје
Ново на Сител
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
-
Диносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници
-
Зеленски: Путин чувствува неказнивост
-
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост
-
Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми
-
ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци
-
Вонреден инспекциски надзор во Болница-Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете