Македонија
19. April 2022 - 9:38

ВМРО-ДПМНЕ: Штрајкот на просветарите е логичен

СДСМ се лицемерни.

 Едно говореа пред неколку години, друго прават сега. Тогаш велеа дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието, а сега со закани, уцени и притисоци се обидуваат да го угушат штрајкот.

Во исто време трошат милиони евра на луксузирања, кафиња, цвеќиња, службени возила и криминални физибилити студии, а на наставниците им нудат само 10% покачување на платите и говорат дека нема пари.

Штрајкот на просветарите е логичен, до толку повеќе што ги бараат правата согласно колективен договор. 

Патем понудата на власта е потценувачка ако се име предвид дека во овој краток период лебот поскапи за 110%, маслото за јадење за над 100%, горивата за 80%, струјата за 30% и сите останати животни трошоци од 30 до 50%.

 Власта на СДСМ и ДУИ штедат на народот, за да имаат повеќе пари за криминални тендери и договори во 4 очи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ