ВМРО-ДПМНЕ: Се прави единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека после вчерашната работа на, како што се наведува, канцеларијата на СДС, СЈО е совршено јасно дека се прави единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија и исполнување на плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио.
- Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кои се води политички процес чија крајна цел е политичка, и никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзана со политичките интереси на одредени структури, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја.
- Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда, и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, според нив, добро знаат што се случува и целата оваа хајка ќе им се врати како бумеранг на наредните избори кога ќе бидат поразени.
- Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на оваа држава, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони