Македонија
30. July 2018 - 9:35

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ удри на крадење и тоа на најјако, ништо друго не функционира во државата

СДСМ удри на крадење и тоа на најјако. Ништо друго не функционира во државата.

Владата предводена од СДСМ ја доведе економијата на Република Македонија пред колапс. Имаме најниска стапка на раст во регионот и во Европа, нема капитални инвестиции, а јавниот и државниот долг ги уриваат психолошките бариери.

Процентот на реализација на капиталните инвестиции е катастрофален.

Неспособната власт успеа да реализира само 16,65 проценти од капиталните инвестиции кои самите си ги планариле. Ниту можат да направат план, уште помалку да го реализираат. Претхоните влади за првите шест месеци  реализирале и над 40% од предвидените инвестиции. Зоран Заев и црното економско трио не ставија камен на камен.

Ова говори за неспособноста и фокусот на криминалот на владата  предводена од СДСМ, Зоран Заев и неговите луѓе задложени за економија Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски.

Секој ден сме сведоци на расипничко трошење, делење на грантови на партиски подобни фирми. Не постои ниту еден граѓанин кој живее подобро откако е Заев на власт, освен функционерите блиски на Заев, нивните роднини и пријатели.

Очигледно политиките на Заев ќе имаат потешки последици за Македонија отколку што може да се претпостави.

Со ваква економска политика граѓаните треба да ги заборават на ветувањата кои Заев им ги даваше како 600 километри нови автопати, 30 илјади денари просечна плата, 100 илјади денари плата за лекарите. Сите овие ветувања на Заев се една обична лага, а на лагите на Заев им нема крај. 

Граѓаните штетните последици од ова допрва ќе ги чувствуваат. Ова мора да престане.

Колку побрзо заврши владеењето на оваа криминална група, толку побрзо Македонија ќе се опоравува. Неопходно е да се стави крај на економската катастрофа предизвикана од Заев и неговиот тим.