ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја злоупотреби трагедијата од поплавите
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој побара одговорност од функционери од ВМРО-ДПМНЕ за поплавите во Скопско оценува дека опозициската партија се обидува да собере политички поени и да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 лица.
- Но ниту една лага од нивната некрофилска фабрика за афери нема да го промени фактот дека обилконицата е проектирана во време на СДСМ. Овој проект и сите последици од него, колку и да сакаат некрофилите од СДСМ, не може да го препишат на ВМРО-ДПМНЕ.На Бихаќка тоа добро го знаат и во очајна паника сламката на спасот ја бараат во повторување на една лага по сто пати, надевајќи се дека ќе стане вистина. Не станува, се вели во реакцијата.
Граѓаните, истакнува меѓу другото партијата, знаат дека членовите и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа на терен, меѓу армијата и волонтерите, помагајќи им на настраданите во поплавените подрачја во страшната природна катастрофа.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет