-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа дека кариерата на Заев е поважна од државните и националните интереси
-->

Македонскиот народ избра да не го менува името на државата и националниот идентитет. Одлуката на Зоран Заев да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање. Мора Заев да е страшно уценет за криминалите што ги има сторено штом се откажува од народот и се оди спротивно од изборот на граѓаните.
СДСМ продолжува со самоволието и кршењето на законите и Уставот. Владата на Заев срамно се одлучи да не ја почитува волјата на граѓаните кои рекоа не на капитулантскиот договор од Преспа. Над 1,2 милиони граѓани јасно рекоа не на промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, рекоа не на политиките на владата на СДСМ и Заев.
Маските се паднати, а криминалниот картел на власта си го покажа вистинското лице. Владата на СДСМ е најголем заштитник на криминалот во Македонија. Заев ја одби подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и шансата да докаже и покаже дека навистина сака да се бори против криминалот и корупцијата во државата.
Неприфаќањето на предлогот за формирање на независно обвинителство докажува дека оваа власт е промотор на криминалот, неправдата и беззаконието и е во коалиција со криминалното подземје во Македонија.
СДСМ уште еднаш покажа дека кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси и не се откажува од капитулантскиот договор со Грција. СДСМ одбива да ја испочитува волјата на 1,2 милиони граѓани кои преку апстиненцијата на референдумот и дадоа јасен сигнал на власта дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.
Заев е исплашен човек. Се плаши бидејќи знае дека нема поддршка од граѓаните за неговите политики. Тој се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе му стави крај на неговата неславна политичка кариера, а Македонија ќе победи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари