ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одбива наставниците да имаат поголеми плати
СДСМ одбива да се покачи платата во јавниот сектор, и поголеми плати за наставниците.
ВМРО-ДПМНЕ преку амандман на Законот за минимална плата во Собранието побара да се усогласат платите во јавниот сектор и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со тоа ќе се почитува Колективниот договор во образованието. Со тој предлог наставниците ќе добијат плата и до 45 илјади денари, а ќе има поголеми плати и за административно техничкиот персонал.
СДСМ бега од покачување на платите во јавниот сектор и е лицемерна со просветните работници.
Ковачевски доколку е искрен ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
До сега Ковачевски и СДСМ покажаа дека се лицемерни, и го одбија и предлогот за покачување на пензиите за 20%.
Ковачевски и СДСМ работат за сопствени политички поени, а не за народот во целост, затоа и не ги поддржуваат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Најавен протест во Кочани во 13 часот
-
Сочувство од Вселенскиот Патријарх за трагедијата во Кочани
-
Утрово почина долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани
-
„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“