ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема намера да работи во корист на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение обвинува дека СДСМ нема намера да работи во корист на граѓаните на Република Македонија.
Со неприфаќањето на ниту еден предложен амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ во ребалансот на буџетот, посочуваат од таа партија, на сите им стана јасно дека СДСМ сака само да истера теснопартиски интереси на грбот на граѓаните.
- СДС не ја разбира суштината на демократијата. Пратениците на СДС ги одбија сите закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои беа предложени за ребаланс за буџетот. СДС работи само за свој интерес и само во своја корист. Нив не ги интересираат проблемите на над 450.000 граѓани кои својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се однесува како Македонија да е нивна приватна фирма и сите пари од ребалансот на буџетот ги скрои по нивна желба, а не за потребите на граѓаните на Република Македонија.
- Додека СДС беа во опозиција на сите страни се жалеше дека нема демократија и ветуваа транспарентно и одговорно работење. Со одбивањето на сите амандмани се покажа дека тоа им беше само предизборна лажна реторика а кога дојдоа на власт веднаш го покажаа нивното вистинско лице, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат СДСМ да ги земе предвид барањата на граѓаните за решавање на нивните проблеми.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред